
Најдобриот светски тенисер Јаник Синер ќе го брани трофејот на Вимблдон откако во полуфиналето го совлада седумкратниот победник на овој турнир Новак Ѓоковиќ со 3-0 во сетови (6:4, 6:4 и 6:4).
Секогаш против Новак имам тешки мечеви. На Австралија опен направив неколку адаптирања. Тој имаше тежок меч во четвртфиналето против Феликс. Сервирав навистина добро и тоа ми помогна во мечот, а бев и агресивен од основната линија. Задоволен сум од настапот“, изјави Синер.
Ривал на Синер во финалето ќе му биде актуелниот освојувач на Ролан Гарос, Александар Зверев. Финалето на Вимблдон се игра во недела со почеток во 17 часот.

Македонски



