
Кубанската национална електрична мрежа од синоќа повторно не испорачува струја. Тоа е втор прекин неделава, а четврти од почетокот на годината.
Кубанското Министерство за енергетика на социјалните мрежи објави дека „се активираат протоколите за да почне процесот на закрепнување“.
На 6 јули електрична енергија немаше низ цела Куба, при што беа погодени речиси 10 милиони луѓе. Во средината на мај без електрична енергија останаа источните провинции на Куба, додека во март цела земја немаше струја.
Куба со години е под серизоно американско ембарго, но ситуацијата се влоши во јануари кога американскиот претседател Доналд Трамп, по соборувањето на венецуелскиот претседател Николас Мадуро на 3 јануари, воведе ембарго за нафта. Венецуела беше главен снабдувач со нафта за Куба. Сепак, Трамп се закани со царини за секоја земја која ќе и продаде или даде нафта на Хавана, со што се продлабочи економската и финансиската криза на островот. Куба сама обезбедува само 40 проценти од потребната нафта.

Македонски



