
Прворангираниот тенисер на светската ранг листа, Јаник Синер, со победа против Новак Ѓоковиќ се пласира во финалето на Вимблдон.
Италијанецот покажа константна надмоќ во полуфиналниот дуел против српскиот тенисер и во три сета добиени со 6:4 во гемови, избори дуел за трофејот на најпрестижниот тениски турнир на светот.
Во финалето, Синер ќе игра против германскиот тенисер Александар Зверев, кој во својот полуфинален дуел беше подобар од Британецот Артур Фери и славеше во три сета (7:6, 6:2, 6:4).

Македонски



