Skip to main content

Браќата Војдан и Дамјан Стојановски остануваат верни на МЗТ

 Најискусните во таборот на кошаркарскиот првак браќата Војдан и Дамјан Стојановски ја продолжија соработката.

За капитенот Дамјан Стојановски ова ќе биде 14. сезона во „сино-белиот“ дрес, во која ќе атакува на својата 12-та шампионска титула – сите освоени со МЗТ Скопје. За Војдан, пак, е шестата сезона во клуб, откако првпат го облече шампионскиот дрес на почетокот на 2022 година.

Продолжувањето на соработката со браќата Стојановски е уште една потврда на клупската определба тимот да биде предводен од (нај)квалитетните македонски кошаркари. Претходно, во клубот се врати репрезентативецот Лука Стојановски, а беше ангажиран и талентираниот босански интернационалец, Емир Крајиниќ.

Поврзани вести