Skip to main content

Нов топлотен бран во Италија, трет летово, ќе трае до 20 јули

Третиот летен топлотен бран во Италија почна денеска и ќе трае најмалку до 20 јули, јави новинската агенција Анса.

Откако вториот топлотен бран забележа температури кои достигнаа 38 до 40 степени Целзиусови, во наредните денови повторно се очекуваат екстремни температури во Италија.

Градовите Фиренца и Перуџа денеска и утре ќе бидат под црвен аларм за опасна жештина. В понеделник, температурите би можеле да достигнат 43 степени во внатрешноста на островот Сардинија.

МИА

Поврзани вести