Skip to main content

Кумот Гоце сè уште недостапен, Обвинителството не се откажува од негово сведочење

Судијата Ивица Стефановски на денешното рочиште за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски констатираше дека клучниот сведок Гоце Трајковски не ја примил поканата да се појави во суд и оти не се наоѓа на адресата која е позната.

Но, обвинителката рече дека не се откажуваат од барањето тој да сведочи и оти се уште има можност тој да биде испитан до крајот на постапката.

Гоце Трајковски е важен бидејќи тој ги обезбедил снимките на кои се гледа „цитроенот“ на Панче со кој подоцна беше грабната Ѓорчевска.

Поврзани вести