Skip to main content

Новиот тренер на Милан сака Модриќ да остане

Новиот тренер на калчолигашот Милан, Рубен Аморим, изјави дека сака хрватскиот ветеран Лука Модриќ да остане во редовите на италијанскиот гигант и следната сезона.

Аморим на денешната промоција во Милано рече дека веќе двапати разговарал со Модриќ и оти во 39-годишниот фудбалер од средниот ред гледа важна алка во тимот.

„Сакам Модриќ да остане. Разговарав со Лука двапати и, доколку е потребно, ќе отидам да се видам со него. Го сакам Модриќ со нас во новата сезона‘, рече Аморим.

Според фудбалскиот инсајдер Фабрицио Романо, раководството на Милан е подготвено да му понуди на Модриќ нов едногодишен договор

Поврзани вести