Skip to main content

Потврден случај на маларија кај пациент кој се вратил од Занзибар

Freepik

На Клиниката за инфективни болести во Скопје е потврден нов случај на маларија кај пациент кој неодамна престојувал во Занзибар.

Пациентот побарал лекарска помош откако добил висока температура и треска, по што бил хоспитализиран на Клиниката за понатамошно лекување.

Директорот на Клиниката за инфективни болести, Фадил Цана, потврди дека станува збор за маларија и информира дека пациентот е во стабилна здравствена состојба. Тој нагласи дека навременото јавување на лекар било клучно за брзото поставување на дијагнозата и започнувањето на терапијата.

Во меѓувреме, двајцата пациенти кај кои претходно беше потврдена западнонилска треска и натаму се лекуваат на Клиниката. Според лекарите, нивната здравствена состојба е добра и се очекува наскоро да бидат пуштени на домашно лекување.

Поврзани вести