Skip to main content

Зеленски: На состанокот со Трамп нагласена потребата од зајакнување на украинската противвоздушна одбрана

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска изјави дека имал добар состанок со американскиот претседател Доналд Трамп, на кој, како што истакна, била нагласена потребата од зајакнување на украинската противвоздушна одбрана (ПВО) поради интензивираните руски напади.

– Претседателот Трамп и јас разговаравме за некои идеи кои би можеле да ги засилат нашите позиции и да го приближат мирот – напиша Зеленски на Х по состанокот одржан на маргините на самитот на НАТО во Анкара.

Зеленски одржа и кратки трилатерални разговори со американскиот претседател Доналд Трамп и сирискиот претседател Ахмед ал Шара на маргините на самитот на НАТО во Анкара, изјави за новинарите советник на украинскиот претседател. Тој не изнесе детали од средбата.

Украинскиот претседател денеска одржа низа состаноци со повеќе светски лидери на маргините на самитот на НАТО во Анкара, вклучително и со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, и италијанската премиерка Џорџа Мелони. Тој, исто така, се сретна и со јужнокорејскиот претседател Ли Џае Мјунг, како и со двопартиска делегација од американскиот Конгрес.

Поврзани вести