
Албанскиот премиер Еди Рама, по завршувањето на средбата на врвот на НАТО во Анкара, потврди дека следниот собир ќе се одржи во главниот град на Албанија.
“Како што велеа, самитот нема да се одржи во Албанија. Но, времето кога она што другите го сакаа се правеше со Албанија е минато, сега Албанија прави што вели и кажува што прави, па затоа следниот самит ќе биде во Тирана“, истакна Рама во кусо видео обраќање од Анкара, во придружба на членовите на албанската делегација.
Албанската државна новинска агенција АТА објави дека Генералниот секретар на Алијансата, Марк Руте, потврдил дека Тирана ќе биде домаќин на следниот Самит на НАТО. “
Следниот самит на НАТО ќе биде во Албанија. Ова е одлуката во Хаг, но и во Анкара. Значи, ние ќе одлучиме и за точното време кога ќе се одржи“, рече Руте одговарајќи на новинарско прашање.
Според АТА, оваа одлука ја потврдува клучната улога на Албанија како доверлив и значаен партнер во регионот на Западен Балкан и во рамките на Северноатлантската алијанса.
Сепак, се потсетува дека одржувањето на Самитот на НАТО во Тирана порано било доведено во прашање поради неизвршувањето на обврските на Албанија за инвестирање во одбраната.
Извор: МИА

Македонски



