Skip to main content

Како да изградиме доверба со земја на ЕУ која ни негира јазик и идентитет?

Еврокомесарката Марта Кос денеска беше прашана како да се изгради доверба со членка на ЕУ која ни негира јазик и идентитет. Кос на тоа немаше прецизен одговор но порача дека довербата се гради со дела и оти на тоа е изградена Унијата. Како пример ги наведе претходните непријатели Германија и Франција.

Довербата е важна, но како ќе ја изградиме.Нема рецепти за тоа и јас нема да ви давам совети како да изградите доверба со вашите соседи.Колку повеќе доверба имате толку повеќе ќе напредувате..Пристапниот процес не е само овој технички дел туку и со динамиката.Како пример ќе ја наведам Украина која е долго време блокирана од Унгарија иако Унгарија на почетокот се согласи да и даде кандидатски статус на Украина но потоа не можевме да го отвориме кластерот 1 токму поради Унгарија а сега е отворен.Доверба може да градиме и со избегнување со дејства и зборови кои може да ја зголемат тензијата. Довербата може да ја зголемиме кога ќе го почитуваме меѓународното право и ќе ги решаваме споровите по мирен пат, објасни комесарката.

Поврзани вести