Skip to main content

Поразот од Шпанија не го простија: Отказ за селекторот на Португалија

Фудбалската федерација на Португалија соопшти дека ја прекинува соработката со шпанскиот тренер Роберто Мартинез, кој ја предводеше Португалија на Светското првенство. Португалскиот тим беше единствениот од европските репрезентации што не успеа да го мине осминафинале по поразот од Шпанија (0:1).

„ФПФ му се заблагодарува на Мартинез и на неговиот стручен штаб за професионализмот и посветеноста во изминатите 3,5 години. Во тој период Португалија во 2025 година триумфираше во Лигата на нациите“, соопштија од Португалската федерација.

52-годишниот Мартинез на чело на Португалија дојде во јануари 2023 година, на местото на Фернандо Сантош. Според португалските медиуми како можен наследник се споменува Жорж Жезус.

Поврзани вести