
Пет лица лишени од слобода, а вкупно осум пријави имало за семејно насилство во изминатото деноноќие, соопшти МВР.
Вчера во 17:25 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Ј.М. (42) од Куманово, по претходна пријава дека тој психички и физички ја малтретирал неговата сопруга, со која е во бракоразводна постапка. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.
Во 16:40 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода А.Д.(40) од Скопје, по претходна пријава дека во домот физички ја нападнал неговата 35-годишна сопруга. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Во 10:35 часот во СВР Скопје 35-годишен маж пријави дека неговата поранешна вонбрачна партнерка А.Г.(33) психички го малтретирала нивниот малолетен син. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Во ПС Гостивар, 41-годишна жена од гостиварско, пријави дека околу 18:00 часот во семејниот дом била физички нападната од нејзиниот сопруг А.М.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Во ОВР Кочани е пријавено дека 81-годишен маж од кочанско, подолг временски период бил физички и психички малтретиран од неговиот 57-годишен син С.Н., кој исто така го избркал од семејниот дом и противправно му ги држел неговите лични документи. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Во 09:45 часот во Македонска Каменица, полициски службеници од Полициското одделение Македонска Каменица го лишија од слобода Ќ.С. (59), по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал неговата 56-годишна сопруга. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Во 13:50 часот во Свети Николе, полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишија од слобода Љ.Н.(53) од Свети Николе, по претходна пријава дека околу 12:00 часот во семејниот дом физички ги нападнал неговата 53-годишна сопруга и нивната ќерка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Ноќва во 00:55 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода Н.Б. (50) од Штип, по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал неговата 43-годишна сопруга. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Македонски



