
Вкупно 1.337 кривични дела поврзани со семејно насилство се регистрирани на територијата на државата во периодот од јануари до септември 2026 година, за кои се пријавени 1.388 сторители и 1.433 жртви, информира Министерството за внатрешни работи.
Според податоците на МВР, од пријавените сторители 1.278 се мажи, а 110 се жени. Меѓу жртвите се евидентирани 1.144 жени и 289 мажи.
Во истиот период полицијата регистрирала и 191 прекршок поврзан со семејно насилство, со 228 пријавени сторители, од кои 196 мажи и 32 жени. Како жртви се евидентирани 221 лице, од кои 126 мажи и 95 жени.
Дополнително, евидентирани се 3.869 поплаки за семејно насилство. Во овие случаи биле пријавени 3.971 сторител, од кои 3.090 мажи и 881 жена, како и 3.961 жртва, меѓу кои 2.567 жени и 1.394 мажи.
Од Министерството за внатрешни работи упатуваат апел до граѓаните да не молчат и да не го премолчуваат семејното насилство, туку навремено да го пријавуваат секој случај.
Секој што е жртва на семејно насилство, но и секој што има сознанија за вакви случаи, може да ги пријави во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 112 и 192.

Македонски




