
Народната банка ги известува граѓаните од Прилеп, Охрид и Ресен, кои имаат платежна сметка во „АЛТА банка“ АД Битола, а не располагаат со платежна картичка, дека утре, сабота, 7 ноември, ќе биде организиран превоз од овие градови до филијалата на Банката во Битола и назад. На овој начин ќе им се овозможи полесно да пристапат до средствата на своите сметки и да подигнат готовина.
Враќањето до местото на живеење ќе биде откако сите клиенти на банката ќе си ги подигнат своите средства.
Распоредот и местата на поаѓање се следниве:
Прилеп: Плоштад „Методија Антонов-Ченто“ (пред „Реклами“), во 10 часот;
Охрид: градската автобуска станица, во 11 часот;
Ресен: кај маркетот „Кипер“, во 12 часот.
Народната банка потсетува дека од понеделник, 9 ноември, ќе бидат отворени и шалтерите во Тетово и Струмица, каде што граѓаните кои немаат платежни картички ќе можат да подигнат до 20.000 денари.

Македонски




