Skip to main content

Претставата „Диши“ во вторник во Драмскиот Театар во Скопје

Во вторник, 21 јануари 2025 година, со почеток од 20:00 часот во Драмскиот тетар ќе може да ја погледнете претставата „Диши“

„Диши“ е прекрасен предизвик кој не дозволува да му се доближиш без сериозно истражување на повеќе области при сценската реализација. Секое истражување мора во себе да содржи и преиспитување. Диши како да живее низ преиспитување.
Прекрасен процес, супер соработници, едноставно уживање. Се надевам дека и публиката ќе почувствува барем еден дел од тоа наше уживање, се вели во објавата на режисерот на оваа претстава Димче Николовски – Димсата.

Автор:Данкан Мекмилан
Драматург: Александра Бошковска
Режија: Димче Николовски – Димсата
Превод: Благоја Бошковски
Сценографија: Илија Николовски
Костимографија: Раде Василев
Улоги:
Јасмина Василева
Димитрија Доксевски
Инспициент: Жарко Намичев
Суфлер: Жаклина Цветковска
Тон – мајстор: Диме Илиоски
Светло – мајстор: Дејан Блажевски
Премиера: 29.12.2020 година

Поврзани вести