Skip to main content

Стефановски: СДСМ тоне, додека ВМРО-ДПМНЕ има стабилен рејтинг

СДСМ од оочај преминаа во Фрустрација, вака аналитичарот Милан Стефаноски ги толкува внатрешните битки и атаци врз до вчера видни членови на партијата на Венко Филипче (читај Заев) на кои граѓаните деновиве, буквално, им фаќаат сеир. Врхушката безобѕирно се пресметува со секој оној кој ќе ја каже вистината за каатстрофалните состојби во апртијата, посочи Стефаноски во интервју на ТВ Алфа.

-Случувањата во СДСМ од повеќе аспекти се феномен. Тоа говори најпрво дека СДС од очај има преминато во фрустрација. Тоа покажува дека тие немаат сила да ја препознаат вистината дека имаат генерален проблем и пробуваат да се пресметаат со секој кој ја говори вистинската состојба внатре во таа политичка партија. Прво се пресметаа со Алфа, па со медиумите, па со аналитичарите и сега со поранешни и сегашни функционери на СДС, потенцира аналитичарот во „За или против“.

-Тоа, без разлика дали имаме или немаме симпатии  кон нив, тоа говори дека тие не можат да ги задржат сопствените емоции и фрустрацијата кон сите оние кои говорат дека СДСМ тоне, дека СДСМ е најверојатно трета или четврта политичка опција во Македонија. Последните рејтинг анкетни анализи говорат дека тие не можат да се рехабилитираат ни после две години власт на ВМРО-ДПМНЕ, а теоријата и нуаката говорат дека – тоа е исто феномен, јас пред да дојдам во студиото истражував и ми беа интересни тие бројки кои говорат дека генерално и во Југоисточна Европа секоја партија после етаблирање на полтичката сцена и по владеење од две години има или стагнација или надолен тренд на рејтингот, тука е спротивно. Се зголемува гласачкото тело кај власта, кое внимавајте гласачко тело, доаѓа од кампусот на таканаречената опозиција, бидејќи таму недостигаат бројките, додека ВМРО-ДПМНЕ има стабилен рејтинг и од денешен апсект рејтинг кој има потенцијал и се уште да расте. Во таа смисла, зенитот на моќта на ВМРО-ДПМНЕ се уште не е достигнат, додека она што се случува во СДС е фрапантно, бидејќи таму сепак имаше некаков никулец на можна демократија, дека СДС ќе се освести, дека ќе почуствува дека го има допрено дното,  дека по  изборните резултати и анкетите ќе се обидат да сменат нешто, но оваа фрустација и оваа злоба искажана кон сегашни и бивши сопартијци, нивни другари како што тие ги нарекуваат, само говори дека таа партија нема потенцијал, го нема тоа знаење и вештина да може да обедини. Тие се во конфликт и со други опозициски партии,а тоа само ќе ја зацврсти политичката моќ на ВМРО-ДПМНЕ и ќе им донесе стабилност, но за опозицијата ќе биде погубно на подолг рок, анализира Стефаноски во „За или против“

Поврзани вести