Skip to main content

Вечерва во рамките на проектот „Македонски филм. На големо платно“ на Агенцијата за филм на програмата е омнибусот „Скопје ремикс“

Вечерва во „Синеплекс“, во рамките на јулската сесија од проектот „Македонски филм. На големо платно“ на Агенцијата за филм, на програмата е омнибусот „Скопје ремикс“, генерациски филм кој на едно место обедини 10 режисери со девет приказни, за едно Скопје кое веќе не постои, за можните реални или фиктивни минати, сегашни и идни проекции во и за овој град.

Дојдете на бесплатна проекција со пријателите во редовниот термин од 19 часот, кога низ разговор со неколкуте режисери ќе направиме вовед во оваа младешка филмска лектира.

Поврзани вести