Skip to main content

Фон дер Лајен: Итната потреба на Украина за посилна воздушна одбрана ќе биде тема на самитот на НАТО

Итната потреба на Украина за посилна воздушна одбрана ќе биде тема на дискусија на самитот на НАТО неделава во Турција, изјави денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, реагирајќи на најновите напади на Русија врз Украина.

„Синоќа, руските сили повторно неодговорно нападнаа цивили од воздух, со повеќе од 400 беспилотни летала и ракети што го нападнаа главниот град. На Украина итно ѝ е потребна дополнителна воздушна одбрана. Ќе разговараме за ова оваа недела во Анкара на Самитот на НАТО“, напиша таа на мрежата X.

Таа додаде дека ќе се врши сè поголем притисок врз Русија „додека не заврши крвопролевањето“.

Во нападот во текот на ноќта врз Киев и регионот се убиени најмалку 14 лица, а речиси 60 се повредени, вклучувајќи пет деца, објави украинскиот министер за внатрешни работи Игор Клименко.

Самитот на НАТО ќе се одржи утре и задутре во Анкара, на кој ќе присуствуваат лидери од 32 сојузнички земји како претставници на партнерите на НАТО. (МИА)

Поврзани вести