
СВР Скопје целосно го расчисти случајот пријавен од страна на Н.П.Ц.(45) од Скопје, која вчера во 22:30 часот пријавила дека на 2 јули во 17:00 часот на подрачјето на Центар во Скопје, нејзината десетгодишната ќерка била физички нападната од машко лице на возраст од околу 70 години, а од настанот беше објавен и видео материјал на социјалните мрежи.
Како што соопшти МВР веднаш по добиената пријава, преземени се мерки и активности за расчистување на случајот и утврдено е дека напаѓачот е Д.Ј.(74) од Скопје и со него е извршен службен разговор во полициска станица, а по документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонски



