Три зборови кои повторно ни го срушија целиот свет на парчиња има нов, многу поагресивен ТУМОР на мозочното стебло! Вака сопругата на младиот Виктор Николоски, Александра го започнува паелот за помош за нивното семејство во борбата со најтешката болест.
Откако преживеа операции и хемотерапии и не се предаде кога најмногу болеше, мојот 27-годишен сопруг сега повторно е фрлен во битка на живот и смрт. Кога ќе го погледнам нашето детенце од година и пол кое штотуку почна да ги кажува првите зборови, додека јас умирам од страв дека ќе остане без татко и нема да го запамети. Во среда Виктор мора ИТНО да биде опериран во Турција, но нашите раце се целосно врзани бидејќи досегашната борба ни ја исцрпи и последната пара од сметката и ние едноставно немаме со што да го платиме неговиот единствен спас.Потоа не очекуваат нови терапии, нови испитувања, нов страв и уште една долга и неизвесна борба.Но овој пат е уште потешко. Како мајка која се бори нејзиното дете да не расте како сираче.Како семејство кое повторно стои пред најтешкиот животен испит.Помогнете му на Виктор.Помогнете му повторно да добие шанса за живот.Секоја донација значи надеж.Секое споделување може да допре до некој што ќе помогне.Да не дозволиме оваа борба да ја води сам.Да му помогнеме повторно да се избори.Од срце ви благодариме на сите што сте со нас, што верувате во него и што ни давате сила да продолжиме, апелира Александра.
Помогнете на овој линк

Македонски



