Skip to main content

Македонскиот брас квартет одржа брилијантен концерт на Durres Chamber Fest

Македонскиот брас квартет одржа брилијантен концерт во рамките на Durres Chamber Fest и ја воодушеви публиката во Драч.

Стојанче Косовски (труба), Александар Златески (труба), Горан Јанев (хорна) и Владан Дробицки (тромбон) изведоа богата програма со дела од Хендл, Моцарт, Равел, Римски-Корсаков и македонскиот композитор Томислав Зографски.

Искрена благодарност до директорката на фестивалот, Невила Калаја, за одличната соработка со Културноинформативниот центар на Македонија во Тирана

Поврзани вести