Skip to main content

Триумф на младинската ракометна македонска репрезентација против Грција

Фото: РФМ

Машката младинска репрезентација на Македонија продолжува со успешните подготовки за претстојното Европско првенство.

Избраниците на селекторот Игор Илиевски, денес забележаа победа над репрезентацијата на Грција со резултат 29:25, прикажувајќи квалитетна игра и уште една успешна проверка во рамки на подготвителниот период.

Ова беше трет триумф за македонските млади ракометари откако претходно ја совладаа селекцијата на Саудиска Арабија во два наврати. За македонскиот тим останува уште последниот контролен дуел со Италија.

На Европското првенство македонскиот национален тим е во силната група со Данска, Норвешка и Хрватска.

Поврзани вести