
Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, споделувајќи видео од градежните работи на автопатот Прилеп – Битола, порача дека тој станува симбол на развојот на Пелагонија.
На терен се работи сè поинтензивно на изградбата на овој стратешки автопат, дел од Коридорот 10Д, што ќе го поврзе цел регион и ќе отвори нови можности за развој – вели Николоски.
Тој истакнува дека со овој автопат, патувањето од Скопје до Атина се намалува за 3 – 3,5 часа. Тоа значи многу повеќе бизнис и туристи за цел регион.
Ова е најдолгата поединечна делница – автопат што се гради во Македонија. Нашата цел е веќе следната година, сообраќајот да се одвива по една коловозна лента. Овој автопат ќе значи побезбеден и побрз сообраќај, подобра поврзаност, поголема конкурентност на стопанството и силен поттик за економскиот развој на Пелагонија. Пелагонија е еден од најважните региони во Македонија и затоа инвестираме во модерна инфраструктура, што ќе обезбеди подобар живот за граѓаните и нови перспективи за идните генерации. Ја градиме Македонија – се вели во пораката на Николоски.

Македонски



