Skip to main content

Остануваме посветени на реформите, порача Мицкоски по работниот брифинг со амбасадорите од ЕУ

Премиерот Христијан Мицкоски и членови на Владата денеска одржале работен брифинг со амбасадорите на земјите членки на Европската Унија, посветен на реализацијата на Реформската агенда и приоритетите во процесот на европската интеграција на државата.  

Денеска одржавме работен брифинг со амбасадорите на земјите членки на Европската Унија, посветен на реализацијата на Реформската агенда и приоритетите во процесот на европската интеграција на државата. Разговаравме за досега постигнатите резултати, тековните активности и следните чекори за исполнување на реформските обврски – објави Мицкоски на Фејсбук.

Како што посочува заеднички била потврдена важноста од континуирана соработка, транспарентен дијалог и ефикасно спроведување на реформите што ќе придонесат за посилни институции, подобро владеење и забрзување на европскиот пат на Македонија.

Остануваме посветени на реформите кои носат конкретни придобивки за граѓаните и ја зацврстуваат европската перспектива на државата – нагласува премиерот Мицкоски во објавата.