
Во несреќата која вчера наутро се случи пред скопскиот аеродром повредено е и двегодишно дете. Родителите му поминале со тешки повреди.
Како што информираат денеска од МВР, вчера во СВР Скопје е пријавено дека околу 05:30 часот на автопатот „Пријателство“, на сервисната улица која го поврзува со Меѓународен аеродром Скопје, патничко возило „нисан“ со српски национални ознаки, управувано од Н.Ѓ.(33) од Србија, удрило во метална ограда и се превртело. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот и неговата сопатничка А.Ѓ.(26) од Србија, додека со телесни повреди се здобило нивното двегодишно дете, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа на СВР Скопје, велат од МВР.
Поради несреќата вчера неколку часа во прекин беше сообраќајот од исклучокот од Скопје што води кон аеродромот, а возилата се пренасочуваа преку клучката кај рафинеријата „Окта“.

Македонски



