
Репрезентацијата на Мароко успеа да постигна голем успех со пласманот во осминафиналето откако ја елиминираше Холандија по изведување пенали. Исмаел Саибари го реализираше клучниот пенал, откако претходно Иса Диоп во судиското надополнување на вториот дел (90+1) постигна гол за изедначување.
Мароко ја стекна почитта на сите. Фудбалерите знаат дека милиони и милиони луѓе стојат зад нив. Игравме кога беше два часот наутро во Мароко и сигурни сме дека повеќето луѓе останаа будни. Тоа ви дава енергија да не се откажувате, да продолжите и да верувате во себе, изјави на прес конференцијата селекторот на Мароко Мохамед Уаби.
Мароко во осминафиналето ќе игра против Канада, а натпреварот ќе се игра во Хјустон

Македонски



