Skip to main content

Претседателот на Собранието Гаши ќе учествува на Парламентарниот Самит на НАТО во Истанбул

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, ќе учествува на Парламентарниот Самит на Парламентарното Собрание на НАТО (ПС на НАТО), што  денеска и утре се одржува во Истанбул, Турција.

Во делегацијата што ја предводи претседателот Гаши, се и пратеникот Драган Ковачки, кој е шеф на Делегацијата на нашето Собрание во ПС на НАТО, како и Ибуш Јусуфи, заменик генерален секретар на Собранието.

Како што информира собраниската прес-служба, Гаши на Парламентарниот Самит на ПС на НАТО, на кој учествуваат претседатели на парламенти на земји членки на НАТО, како и шефови на парламентарните делегации во ПС на НАТО, ќе има и обраќање. Парламентарниот Самит се одржува во пресрет на Самитот на НАТО, што наскоро ќе се одржи во Анкара, Република Турција.

Воведно обраќање на Самитот ќе имаат и претседателот на Големото Народно Собрание на Република Турција, Нуман Куртумлуш, претседателот на ПС на НАТО Маркос Перестрело, како и заменичката генерален секретар на НАТО, Радмила Шекеринска. 

Поврзани вести