
Киев во текот на изминатата ноќ бил цел на руски напади со балистички ракети. Според, началникот на полициската управа во градот, Тимур Ткаченко, во нив се повредени две лица во округот Дарницки, во југоисточниот дел од градот.
Во округот Дарницки, имаме пожари на неколку адреси по нападот. Пожар избувна во близина на станбена зграда, бензинска пумпа гори на друга адреса. Гори и нестанбена зграда“, рече Ткаченко, пренесува Укринформ.
Во Киев е прогласена воздушна тревога, а воздухопловните сили на вооружените сили на Украина издадоа предупредување за закана од балистичко оружје што доаѓа од север.

Македонски



