Skip to main content

Кај Крстот во населбата Драчево почнува Културното лето во Општина Кисела Вода

Бети Стаменкоска Трајкоска

Под слоганот „Кисела Вода – најстарата скопска приказна, 71 година културен печат на градот“, вечерва во 20 часот, официјално започнува Културното лето во организација на Општина Кисела Вода. Во следните три фестивалски дена, публиката ќе има можност да ужива во богата програма и настапи на еминентни македонски, но и големи балкански музички ѕвезди.

Како што соопштуваат од локалната самоуправа, свеченото отворање на манифестацијата ќе се одржи вечерва во населбата Драчево, на локацијата кај Крстот. Програмата започнува во 20 часот со настап на КУД „Китка“, по кои концерт ќе одржи Андријана Петрушовска.

Потоа, пред публиката ќе настапи ансамбл составен од ученици од основните општински училишта од Драчево, ученици од ЕМЦ „Наши ноти“ и ученици од традициската насока при ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“, сите под менторство на Вера Милошевска Јосифовска и групата „Љубојна“. Првата фестивалска вечер ќе ја затвори Никола Станишиќ.

По вечерашното отворање, за време на викендот, односно во сабота и недела, забавата продолжува во паркот Расадник каде ќе настапат Лозано, големата балканска ѕвезда Војаж, популарното дуо „2Бона“, раперот Таско, Влатко Миладиновски, ДЈ Марио Трампет и ДЈ Доријан , како и млади бендови и талентирани ученици.