Дилема повеќе нема, капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија, Енис Барди, се враќа во Шпанија. „АС“, пишува дека Барди ќе ја продолжи кариерата во Ваљадолид, чии сопственик е славниот Бразилец Роналдо.
Енис Барди, пред три дена го раскина договорот со Трабзон, каде што во првиот дел од сезоната одигра само осум натпревари. Во ноември минатата година, Барди и уште тројца играчи, беа отпишани од тренерот Шенол Гунеш.
Откако заврши со Трабзон, Барди реши да се врати во Шпанија каде со голем успех до 2022година играше во Леванте.