Skip to main content

САД распоредија нови нуклеарни бомби во Европа

САД поставила нов тип нуклеарни бомби во Европа.

Како што изјави шефот на американската Национална агенција за нуклеарна безбедност, Џил Хруби, новите модифицирани нуклеарни бомби Б61-12, кои имаат помала издашност, но поголема прецизност благодарение на новата опашка, се целосно распоредени во Европа.

Нашето стратешко партнерство со Обединетото Кралство е многу силно, како и нивната посветеност на сопственото нуклеарно одвраќање. Заедно, го унапредивме нашето размислување за критична отпорност на синџирот на снабдување. НАТО е силен. Новите гравитациски бомби Б61-12 се целосно распоредени и ја зголемивме способноста на НАТО да ги води своите нуклеарни капацитети“, изјави Хруби.

Последната пратка од вакви бомби Пентагон ја доби во декември. Новите американски тактички нуклеарни бомби имаат издашност од 0,3 до 50 килотони.

За споредба, бомбите фрлени на Хирошима и Нагасаки имаа издашност од 13 до 21 килотони.

Поврзани вести