Skip to main content

Во СДСМ сметаат дека Мицкоски се заканува

Кога Христијан Мицкоски нема одговори и нема резултати, стандардно се враќа на она што најдобро го знае – закани, напади и дефокус од реалните проблеми. Од собраниската говорница, Мицкоски повторно го спомена Харис Џиновиќ и Дубаи, и му се закани на претседателот на СДСМ Венко Филипче дека „кога граѓаните ќе ве видат зад решетки“, се вели во реакцијата од СДСМ на одговорот на пратенички прашања на премиерот Христијан Мицкоски.

Ова е веќе познат и исцрпен наратив. Сите случаи и постапки против социјалдемократите кои доаѓаат како пријави и процеси се без докази и се водат по нарачка на Мицкоски и неговите најблиски соработници.

Поврзани вести