
„Министерството за надворешни работи не дистрибуираше дипломатска нота или друга
официјална кореспонденција поврзана со посетата на Бугарија на членови на семејството на официјален претставник на друга земја. Информациите што циркулираат во јавноста во последните денови се однесуваат на вербална нота од 6 јануари 2026 година и се однесуваат на настани од далечното минато. Во моментов,
оваа информација не може да се сфати како основа за заклучоци дека постои непосредна закана за безбедноста на граѓаните на Бугарија или друга земја. Министерството за надворешни работи придава големо значење на заштитата на дипломатската кореспонденција и строго ги почитува утврдените меѓународни правила и практики во оваа област“, реагираа од бугарското министерство.
Бугарскиот амбасадор во Македонија вчера беше повикан во Министерството за надворешни работи на Македонија поради јавното објавување на дипломатска нота што содржеше информации за членови на семејството на Мицкоски кои го посетиле Пампорово.
Премиерот рече дека веќе ги информирал партнерите на Македонија во НАТО бидејќи со објавувањето на дипломатската нота, како што кажа, се загрозува безбедноста на неговото семејство.

Македонски



