
На почетокот се обраќам до бугарскиот народ, демократски определен, цивилизациски и културно изграден, кој што е апсолутно мнозински и го амнестирам, од ставовите мои во оваа колумна.
Се однесуваат само на оние најрадикални елементи, што се обидуваат да ги затруваат, замрзнат и подолго време традиционалните пријателски и добрососедски односи ги држат статус кво во времето крајно неповолно и за вас и за нас, време неповратно и неповторливо, време срамно ЖИВКОВИСТИЧКО.
Но, исто така сакам да изразам и несогласување со неразумно индиферентниот однос на бугарските граѓани во однос на ова прашање.
Имено, народот со својата незаинтересираност или млако однесување, може да се претвори во тесто што поматените радикални структури во општеството можат да го месат и замесуваат како што сакаат, до конечен облик.
И, место тоа благородно хранливо тесто да го претворат во топол леб, го замесат како студен бетон со кој се ограничуваат, се разделуваат различни народи до степен на омраза.
МАКЕДОНИЈА, повторно е цел на неофашисти кои отворено заговараат и ги оправдуваат сите недозволени средства, не исклучувајќи и ВОЈНА, за да дојдат до конечен епилог: Целосно разнебитување и приграбување на јазикот, идентитетот, историјата, негација на постоење на МАКЕДОНСКИ НАРОД со крајна цел ОКУПАЦИЈА на МАКЕДОНИЈА.
Е, па вие неколкумина неотрезнати неофашисти, да ве прашам нешто:
Колку пати сте биле во МАКЕДОНИЈА, независно како сте се нарекувале самите или како вистински со право име ве нарекувал прогресивниот демократки свет?
Зошто не сте останале? Зошто ве избркале!
Прашањата се апсолутно на место. Знам, имате многу објаснувања, те сме биле вакви, те сме биле такви, виновни биле едни, други, ама никогаш Вие.
Зошто? Зошто никогаш не ги разбравте пораките.
Во МАКЕДОНИЈА живеат МАКЕДОНЦИ.
Тоа е првата порака и вие пред тој предизвик, докажано историски подолг период, сте немоќни и крајно време е тоа да го разберете засекогаш.
Втората причина (порака), од пуста лакомост по сé што е МАКЕДОНСКО, низ историјата ви се помрачила свеста и секогаш сте биле на погрешната страна.
Тоа што долги години секогаш сте биле на погрешната страна, а таа ваша катастрофална проценка ја компензирате со МАКЕДОНИЈА, ПОМИНА.
Тука повеќе на ништо да не се надевате, МАКЕДОНИЈА Е СУВЕРЕНА, САМОСТОЈНА, НЕЗАВИСНА ДРЖАВА, со сите атрибути и нишани, освен за вас.
Не ни можете ништо!
Радикалните елементи се најкукавичкиот род во секое општество, брзо ќе бидете отфрлени, маргинализирани и игнорирани.
Ова е време на разум, соработка, толеранција, меѓусебно почитување, искрено пријателство, а не време на закани, уцени, понижувања, посебно не на вашата се почесто спомнувана омилена ВОЈНА.
Тоа заборавете го. Во денешниов свет не поминува, поготово што за една таква тешко прифатлива авантура е крајно бесмислена.
Не мавтајте со празни закани и глупави предлози, никој не ви се плаши.
Нешто малу, повеќе и не заслужуваат, современава “административа“.
Внимателно се трудевте ама крајно погрешно ги избравте “администраторите“.
Впрочем како и во Втората светска војна.
Во истиот момент кога капитулиравте, овие први се предадоа, се попишманиа и преминаа на другата страна, иако некој од нив, не знам, не можам да тврдам, можеби и имал некое благонадежно чувство.
Овие денешниве, се најдекадентните и најнеискрени, погрешно избрани, што ништо немаат заедничко со “вашата кауза“ овде кај нас во МАКЕДОНИЈА.
Новопечени, недопечени, бескорисни, ама силни штеточини и уривачи на добронамерните усилби и напори да се нормализираат меѓусебните односи. Егзибиционисти со кои сите се потсмеваат.
На крај, како држава членка на ЕУ отидовте и до таму, од пуста омраза, да го ограничувате основното човеково право на слободно движење.
Зошто? Одговор НЕМА!
Срамота! Ништо не ви е свето, ни грижна мајка, ниту малолетни деца, само затоа што се МАКЕДОНЦИ.
Кавгите за среќа имаат една голема, единствена предност, а тоа е дека можеме да се помириме.
Ве повикувам, ајде тоа веднаш да го направиме!

Македонски



