Skip to main content

Меси само оди по теренот, другите трчаат за него

Facebook / Leo Messi

Се чини неверојатно дека најдоброоценетиот играч на Светското првенство е оној кој најмалку трча, најмногу оди по теренот и му се потребни најмалку физички атрибути, брзина, издржливост или други аспекти што се толку важни во модерниот фудбал. Неговиот талент му овозможува да го надмине сето тоа. Станува збр за Лионел Меси кој има највисок статистички рејтинг на Светското првенство со 8,7, но притоа вложува најмалку напор на теренот.

Досега, Меси поминал 35,87 километри во петте одиграни натпревари, во просек од 6,88 километри, иако на еден натпревар не ги одигра целите 90 минути. Уште позначајно е тоа што од просената дистанца што ја минува на еден натпревар, дури 4,41 километри од таа дистанца Меси ги оди, ане трча, што го прави јасен лидер во оваа чудна ранг-листа на Светското првенство.

Против Египет, во последниот натпревар на Аргентина, Меси поминал 8,28 километри, а против Австрија, во првото коло, 7,90 километри. Ова се неверојатно ниски бројки за играч на теренот, особено за еден толку одлучувачки. Неговиот број на спринтови е исто така меѓу најниските на Светското првенство, со просек од само 23 по натпревар. Во кас, тој има поминато 1,48 километри и досега на турнирот има истрачано само 631 метар со голема брзина.

Благодарение на моите соиграчи, јас сум на теренот. Знам дека прават дополнителна жртва, дека даваат се од себе во моментите кога трчам помалку. Знам дека го прават тоа од срце и им доаѓа природно, бидејќи така чувствуваат“, изјави Меси откако Аргентина го елиминираше Египет.

Поврзани вести