
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска, во Скопје, учествуваше на Годишниот состанок на Управниот одбор на Центарот за извонредност во финансиите – ЦЕФ (2026 Annual Meeting of the CEF Governing Board). Тој по официјалниот настан одговараше на новинарски прашања.
Бројката од 55 танкери не е драматична, имајќи предвид дека таа бројка била и троцифрена на ден. Имајте предвид дека овие танкери додека стигнат до конечните дестинации ќе поминат можеби и еден месец или и повеќе, бидејќи се потебни 25-30 дена додека да сигннат таму кај што треба – изјави премиерот Мицкоски.
Тој потенцира дека очекува цената на барелот да се движи отприлика 80 долари за барел, со плус-муинус еден долар.
Јас стојам на ставот дека нашите математики се тие, но да ги видиме математиките на Регулаторната комисија за енергетика, но очекувам поевтинување на бензините, за 2,5-3 денари и очекувам 7 денари поевтинување на дизелот по литар – изјави Мицкоски.

Македонски



