Skip to main content

Светскиот диџеј и добитник на „Греми“, Black Coffee приреди спектакл во Скопје

Светски познатиот диџеј и продуцент Black Coffee настапи на Стадионот на АРМ. Светската ѕвезда – добитник на „Греми“ настапи околу полноќ, а дотогаш настапија повеќе диџеи кои ја загреваа атмосферата.

Со синоќешниот настап Black Coffee потврди дека е глобален бренд и симбол на современата електронска сцена. Неговиот уникатен звук, кој комбинира длабоки хаус ритми со африкански влијанија, го позиционира како еден од главните двигатели на афро-хаус движењето во светот.

Black Coffee зад себе има настапи на најголемите светски сцени, вклучувајќи распродадени концерти во Madison Square Garden и The O2 Arena.

Присутните на стадионот на АРМ имаа можност да уживаат во неговите сетови кои не се само музика – тие се искуство, атмосфера и емоција што ја обединува публиката. А таа синоќа беше дел од The Ultimate Black Coffee Experience – спектакл под отворено небо на една од најатрактивните концертни локации во градот.