Skip to main content

Покетино сонува САД да играат до финалето

– Репрезентацијата на САД, домаќин на Светското првенство стартуваше со две победи (Парагвај и Австралија) и со максимален ефект е обезбедено првото место во Д групата. Американците две победи на стартот немаат од првото Светско првенство во 1930 година.

По триумфот над Австралија од 2:0, каде поради повреда не настапи нивниот најдобар играч, Кристијан Пулишиќ, селекторот на САД Маурисио Покетино истакна, дека сите фудбалери ако се подготвени – тимот може да сонува и за освојување на титулата.

Сите играчи се важни, Кристијан многу ни значи, но сепак ова е тимски спорт. Се надевам дека ќе биде подготвен за следниот натпревар. Ако сакаме да го освоиме Светското првенство, потребен ни е целиот тим да го имаме на располагање, изјави Покетино за американските медиуми.

Во последното коло САД играат против Турција, репрезентација е без шанси за пласман во следната рунда.

Поврзани вести