Skip to main content

Претседателот Паз прогласи вонредна состојба во Боливија

Претседателот на Боливија Родриго Паз денеска прогласи вонредна состојба во земјата, поради ескалација на кризата предизвикана од 50-дневните антивладини протести што ја парализираа националната економија.

Одлуката, објавена од шефот на државата во обраќањата до нацијата, отвора врата за мобилизација на воени сили низ целата земја во обид да се воспостави ред.

Боливиските медиуми објавија дека Паз постигнал договор со водечкиот синдикат, Боливиската работничка конфедерација, што се смета како чекор кон решавање на кризата.

Сепак, и покрај овој договор, Боливија е далеку од крајот на конфликтот, бидејќи многу патишта што го поврзуваат главниот град Ла Паз со остатокот од земјата се под контрола на локални земјоделски здруженија поврзани со поранешниот левичарски претседател Ево Моралес.

Поврзани вести