
Гори трева во близина на ПМФ, екипи на БППЗ Скопје се на терен, засега нема опасност од ширење, се очекува брзо да биде изгаснат.

Денеска во 19:15 часот, преку Единствениот број за итни случаи 112, е добиена пријава за пожар на отворен простор во близина на последната автобуска станица на линијата 16, во непосредна близина на парк-шумата Гази Баба. Гори ниска вегетација. За настанот се известени екипите на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, кои се упатени на терен за интервенција.

Македонски



