
На 15 јуни 2026 година во Галерија „КО-РА“ – Мал салон во Скопје беше отворена самостојната изложба „Ритам на фигурата“ на Дона Да Видра (Славица Купенкова), која воедно го одбележа нејзиниот јубилеј – 10. самостојна изложба.

Меѓународно наградуваната уметница, која има изложувано во земјата и странство, по тој повод му подари оригинална слика на десеттиот посетител на изложбата. Купенкова е и илустратор на повеќе од 20 изданија, а минатата година го објави својот графички роман и активно ја претставува Македонија на меѓународната стрип-сцена.

Изложбата ќе биде достапна за посетителите во текот на следните седум дена од нејзиното отворање.

Македонски



