Skip to main content

Мицкоски: Кога народот е обединет, нема пречка што не може да се совлада

Нека запомнат сите, народот е буден. Народот е исправен. Народот е решен. А кога народот е обединет, нема пречка што не може да се совлада, нема врв што не може да се достигне и нема сон што не може да се иссонува, порача лидерот на ВМРО ДПМНЕ и претседател на Владата Христијан Мицкоски на социјалните мрежи.

Нека се слушне силно од Струмица, од Беласица до Шар Планина, од Охрид до Делчево, од Гевгелија до Куманово!
Една татковина!
Една заедничка иднина!
И нека запомнат сите, народот е буден. Народот е исправен. Народот е решен. А кога народот е обединет, нема пречка што не може да се совлада, нема врв што не може да се достигне и нема сон што не може да се иссонува.
Да живее ВМРО-ДПМНЕ! , објави Мицкоски на социјалните медиуми.

Поврзани вести