
Скопје беше град оставен на заборав – валкан, со запуштени простори, хаос во хигиената и проблеми што со години се туркаа под тепих, вели градоначланикот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски
Тој на социјалните мрежи сподели видео од состојбата со хигиената и неисчистените контејнери пред тој да дојде на позицијата, како и од тоа како службите работат денес.
Денес, Скопје се менува. Се чисти, се уредува, се реконструира и повторно добива ред, лик и достоинство. Затоа што го сакаме Скопје!, вели Ѓорѓиевски во пораката.

Македонски



