
Селекторот на Уругвај, Марсело Биелса, ги искажа своите впечатоци по синоќешното реми 1:1 со Саудиска Арабија во првиот нивни натпревар од групната фаза на Светското првенство во 2026 година.
-Кога еден тим што треба да направи разлика не може да го стори тоа, во смисла на создавање опасност или контрола на топката, тогаш послабиот тим навистина се осмелува да направи нешто, истакна аргентинскиот фудбалски стручњак.
Саудиска Арабија поведе преку Абдула Ал-Амри во 41. Минута, Максимилијано Араухо израмни во 80. минута.
Во Х-групата на Мундијалот сите четири репрезентации имаат по бод по првото коло.
Во второто коло, Уругвај ќе игра против Зелено’ртските Острови на 22 јуни, додека Саудиска Арабија ќе се соочи со Шпанија на 21 јуни.

Македонски



