
Факултетот за драмски уметности организира промоцијата на книгата ДЕВЕТ КОМЕДИИ од Русомир Богдановски, наш реномиран драмски автор и професор по драматургија и сценарио во пензија. Книгата опфаќа девет комедии пишувани во периодот од 1968 до 2025 година, вклучително со досега необјавената и сеуште неизведена, најнова пиеса НЕ ПЛАЧИ, ЛЕНКЕ. Во присуство на авторот, книгата ќе ја промовира театрологот и професор, Деспина Ангеловска, а извадоци од комедиите ќе читаат студентите од IV година по актерска игра на Факултетот за драмски уметности- Скопје, од класата на професорот Ангелчо Илиевски. Како специјален гостин, на студентите ќе им се придружи познатиот македонски актер и комичар, Благоја Чоревски.
Промоцијата на книгата ќе се одржи во понеделник, 19 октомври 2026 од 19:00 на Факултетот за драмски уметности – Скопје.

Македонски


