Skip to main content

До крајот на неделава сонце, повремено дожд и температура до 36 степени

Во текот на седмицава ќе преовладува топло време. Утре ќе има локален развој на нестабилна облачност, а во среда на повеќе места се очекува променливо и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд и услови за ретка појава на град, соопшти УХМР.

Од четврток времето ќе биде сончево со променлива облачност во текот на денот. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Минималните утрински температури ќе бидат во интервал од 9 до 19, а максималните дневни ќе достигнат до 36 степени.

Поврзани вести