Skip to main content
rwxHJkD8ElU

Падна авион во Мисури, 12 мртви

Авион со патници кои планирале да поминат сончево неделно попладне во скокање со падобран се урнал во американската држава Мисури, при што загинале сите 12 лица што се наоѓале во леталото, соопштија надлежните власти.

Според соопштението на Сообраќајната патрола на Мисури, полициски службеници се на терен и им помагаат на полициската станица во Батлер и на Канцеларијата на шерифот на округот Бејтс во истрагата на несреќата. Авионот се урнал во близина на аеродромот „Батлер Меморијал“.

Батлер е мал град со околу 4.300 жители, сместен на приближно 105 километри јужно од Канзас Сити.

Поврзани вести