Skip to main content

Пуштен во употреба на Дом за стари лица ПУСЗ „Оаза by Adora“ во Општина Илинден

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на пуштање во употреба на Дом за стари лица „ПУСЗ Оаза by Adora“ во Општина Илинден. 

Наша цел и задача како Влада е да поддржуваме приватни иницијативи, посебно кога тие иницијативи имаат цел да го олеснат животот, да бидат додадена вредност и да го зголемат квалитетот на животот на нашите сограѓани, така што ние како Влада апсолутно поддржуваме ваков претприемачки дух – рече Мицкоски.

Тој им честиташе и на инвеститорот и на сопственикот на овој објект и на луѓето коишто ќе ги користат услугите на овој објект, бидејќи навистина претставува храброст пред сè да се влезе во една ваква инвестиција.

За мене луѓето коишто влегуваат во вакви инвестиции се во суштина најголемите патриоти коишто обезбедуваат едно работно место повеќе, коишто се грижат да обезбедат плата повеќе во месецот, така што ние како Влада секогаш ќе бидеме на страната на бизнисот што секогаш се труди да направи повеќе – рече Мицкоски.  

 Според премиерот, колку е поуспешен бизнисот толку е и државата поуспешна. – Тоа јас сум го кажал многупати, а колку е државата пак поуспешна тогаш и бизнисот е повреден, тоа е отприлика како двонасочна улица – рече премиерот. 
 
За Општина Илинден, Мицкоски рече дека како институција застанала целосно позади реализацијата на оваа инвестиција.

Одговарајќи на новинарско прашање премиерот рече дека во изградба се два нови државни пензионерски домови, како и дека во иднина во рамки на приоритетите ќе продолжат во таа насока. 

Поврзани вести