
Кризата со откупот на млеко се зголемува, Мицкоски нема пари за земјоделците. Додека Мицкоски го штити Трипуновски сточарите се во тешка криза. Сточарството буквално се распаѓа. Откупот е намален и со понижувачка откупна цена од едвај дваесетина денари за литар млеко. Во исто време, цените на млекото и млечните производи во маркетите растат. Некој прави огромни профити врз грбот на земјоделците, рече на партиска прес-конференција Александар Димитриевски од Комисијата за земјоделство на СДСМ.
Тој вели дека кризата дополнително се продлабочува. Две млекарници во делчевскиот регион најавија прекин на откупот, што значи дека многу сточари остануваат без пласман и без егзистенција.
Дополнително, доцнат субвенциите за добиток и премиите за млеко. Затоа прашуваме: каде се парите за земјоделците? Дали во Буџетот веќе ги нема?
СДСМ бара итна интервенција за обезбедување непречен откуп на млекото и посебна мерка за поддршка на производителите на кравјо млеко преку интервентната програма“, изјави Димитриевски .
Тој вели дека тоа што се случува е недозволиво!
Мицкоски го уништи земјоделството. Субвенциите се намалени за 40 милиони евра, откупот е намален за 46 проценти, а земјоделците се оставени без заштита и без перспектива.
Хаосот е насекаде – кај сточарите, градинарите, оризопроизводителите, овоштарите и пчеларите. Сите се соочуваат со исти проблеми: ниски откупни цени, неисплатени субвенции и несигурен пласман.
Го прашуваме Мицкоски зошто нема мерки за млекото, оризот, доматот и пиперката? Зошто доцнат субвенциите?
Затоа што, како што рековме нема пари во буџетот за земјоделците заради криминални тендери.
Сега снемува пари и за тендери штом му се брза со избори“, изјави Димитриевски.

Македонски



